Насловна / Арт и дизајн / Рој Лихтенштан – „Стрип-херои“ како сериозен ликовен жанр

Рој Лихтенштан – „Стрип-херои“ како сериозен ликовен жанр

Wall Explosion II 1965 by Roy Lichtenstein 1923-1997

Рој Лихтенштајн (1923-1997) е еден од најголемите американски уметници на 20 век. Истакнат претставник на поп-арт кој, потпирајќи се тематски и стилски на пародија, најдобро ја дефинирал темелната премиса на овој уметнички правец. Лихтенштајн се прославил со серијата слики на зголемени призори од стриповите и рекламните мотиви надополнети со неговите типични точки.

roj lihtenstajn (5)

Изложбата ARTIST ROOMS (Собите на уметникот) е дел од проектот REFLECTIONS (Рефлексии) и е изложена во Шкотската национална галерија на современа уметност во Единбург. Култните но и понови дела на славниот уметник се изложени во три соби. Изложбата ќе биде отворена до 10 јануари 2016 година, благодарение на фондацијата Рој Лихтенштајн.

Roy Lichtenstein 1985, printed 1990 by Robert Mapplethorpe 1946-1989
Американскиот сликар, графичар и вајар Рој Лихтенштајн се вбројува во најпродуктивните уметници на 20 век – создал околу три илјади цртежи од кои повеќето ја сочинуваат студијата за слики, скулптури и печати во сито печат и керамика.

За разлика од повеќето негови колеги, тој почнал да се занимава со сликарскиот занает релативно доцна. Во моментот кога раскинува со традицијата на апстрактното сликарство (50-тите години од минатиот век) веќе имал четириесет години. Interior with Waterlilies 1991 by Roy Lichtenstein 1923-1997

Прескокнувајќи повеќе фази од уметничкото екпериментирање типично за развојот на сликарскиот вкус од тоа време, Лихтенштајн директно се впушта во апстрактниот експресионизам.

roj lihtenstajn (16)
За разлика од подоцнежните стереотипни ликовни прикази на стрип-теми во фазата поп-арт, неговите рани дела се потпираат на цртачката работилница на Волт Дизни, и се пресудни за развојот на неговиот карактеристичен постер-стил. Повеќето цртежи од тој период, од само за него познати причини, ги уништил. Инспириран од фигуративните женски портрети на Вилем де Кунинг, Лихтенштајн ги претвора стрип-јунаците во „сериозен“ ликовен жанр.Still Life with Portrait from 'Six Still Lifes' 1974 by Roy Lichtenstein 1923-1997
Тој беше сликар кој пронајде драстични методи за оддалечување од кубизмот и апстрактното сликарство со стилистички експерименти; пред сè со употреба на јаки црни контури и мотиви разложени на растери.

roj lihtenstajn (13)

Студената дистанцираност од анализата на естетска привлечност на потрошувачката стока, која се сфаќа исклучиво преку материјалната вредност „проценета“ од етикетата со цена, се потпира на традицијата на Алан Капров, Клас Олденбург и Џорџ Сигал, и се развива паралелно со ликовните вредности на поп-уметниците од американскиот Западен брег. Заштитниот знак на Лихтенштајн е користење „растер“ (никогаш не насликани со слободна рака, туку настанати со користење различни техники).

roj lihtenstajn (12) roj lihtenstajn (11) roj lihtenstajn (10) roj lihtenstajn (9) roj lihtenstajn (7) roj lihtenstajn (2) roj lihtenstajn (2) roj lihtenstajn (3) Whaam! roj lihtenstajn

Испрати коментар

Scroll To Top