Насловна / Архитектура / RIBA со едукативен филм за ученици за поврзаноста на климатските промени, архитектурата и урбанизмот

RIBA со едукативен филм за ученици за поврзаноста на климатските промени, архитектурата и урбанизмот

Кралскиот институт на британските архитекти (Royal Institute of British Architects – RIBA) излезе со едукативен филм наменет за ученици нa возраст од 13 до 16 години, за поврзаноста помеѓу климатските промени, архитектурата и урбанизмот, истакувајќи ги принципите на одржливото проектирање. Филмот го прикажува концептот на јаглеродните емисии вклучени во градежните материјали, зелената инфраструктура, одржливата мобилност и ги објаснува идеите како што се адаптирана пренамена, користење на локални материјали и сл. Целта на овој филм е да ги зајакне младите да размислуваат креативно во насока на адресирање на климтската криза преку проектирањето, овозможувајќи подигање на една генерација која ќе биде прилично свесна за принципите на одржливиот развој.

riba1

RIBA2

Како наратор во филмот се појавува наградуваниот поет и радио презентер на BBC, Rhael ‘LionHeart’ Cape, а филмот почнува со влијанието на овој сектор врз климатските промени и претставува неколку архитекти со нивните различни одржливи стратегии на проектирање. Филмот прикажува серија на реални студии на случај, како што е на пример новиот кампус на Университетот во Бристол, реконструкцијата на објектите за социјално домување во Глазгов, и мастер план за 23.000 нови домови.

RIBA3

RIBA4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top