Насловна / Арт и дизајн / Ретроспектива на славниот Артур Елгорт во Милано

Ретроспектива на славниот Артур Елгорт во Милано

izlozba vo milano foto (6)

Изложбата насловена „Голема фотографија“, отворена во галеријата Carle Sozzani во  Милано, претставува ретроспектива на една од најголемите фотографски легенди во модната фотографија Артур Елгорд, а најмногу познат по својата работа за списанието „Вог“.izlozba vo milano foto

Изложбата е отворена до 6 април. Во ретроспективата се вклучени дела создадени во текот на изминатите 50 години. Посетителите на галеријата имаат можност да погледнат фотографии во кои се овековечени едни од најголемите икони на модниот свет, како Наоми Кембел, Кејт Мос, Линда Евангелиста и многу други, а фотографиите на Елгорд се најдобар сведок на динамичните промени на модната сцена.

izlozba vo milano foto (7)

Покрај тоа, на изложбата се вклучени фотографии на бројни рекламни кампањи коишто Артур Елгорт ги снимил за модни куќи како што се „Шанел“, „Валентино“ и „Ив Сен Лоран“. Фотографиите на Елгорт носат свој личен печат, и тоа е најчесто спонтаноста и неочекуваниот момент.izlozba vo milano foto (5) izlozba vo milano foto (4) izlozba vo milano foto (3) izlozba vo milano foto (8)

Артур Елгорт моментално живее во Њујорк со неговата сопруга, која се занимава со продукција и режија.

Испрати коментар

Scroll To Top