Насловна / Вести / Никој не сака да ја урне дивоградбата кај „Мавровка“

Никој не сака да ја урне дивоградбата кај „Мавровка“

Не се пријавила ниту една фирма на тендерот што го распиша Општина Чаир за уривање на дивоградбата кај „Мавровка“, поради тоа вчера немаше јавно отворање на понудите.

Портпаролот на општина Чаир, Куштрим Ала вчера беше изненаден од тоа што немало понуди, со оглед дека не биле поставени посебни критериуми што треба да ги исполнат фирмите-кандидати.

„Утре најверојатно ќе распишеме нова постапка и сега рокот за достава на понуди е 7 дена. Доколку има понуди во рок од 30 до 40 дена ќе се избере економскиот оператор. Се надеваме дека оваа постапка ќе успее и ќе се избере фирмата која ќе треба да го урне нелегално изградениот објект пред ТЦ „Мавровка“ – изјави вчера Ала.

20200724_084132_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top