Насловна / Вести / Редизајн на ентериерот на продукциската куќа Attraction за 13 недели

Редизајн на ентериерот на продукциската куќа Attraction за 13 недели

За 300 вработени во продукциската куќа Attraction од Монтреал, промената на работниот простор навистина била драстична, но на подобро. Вработените предходно биле поделени по сектори на два ката. Нивниот објект од 5.000 квадратни метри покажал огромен потенцијал за подобра организација на просторот, а архитектите од бироата Lumi Group и Imperatori Design новото решение го спровеле во дело за само 13 недели.

1
Компанијата Attraction која е сместена во индустријска зграда во својот ентериер имала големо количество природно светло, кое доаѓа од три страни. Покрај доброто осветлување архитектите потенцијал виделе и во визуелно пријатниот полиран бетон на подот, додека мана биле цевките за вентилација на плафонот, но и краткиот рок за изведување на работите, кој изнесувал нешто помалку од три месеца.

2

3
Првата фаза во процесот на дизајнот била разгледување на работните навики на вработените и концепт на дизајн кој ја следи желбата на овој голем креативен тим, со просторот да владее единствен стил.

5

Меѓузони за релаксација
Создавајќи единствен дизајн, просторот е организиран како флуидна циркуларна целина во која сите сектори можат лесно да комуницираат, а интересното уредување на меѓузоните може да пружи пријатен одмор и релаксација.

4

Студијата за дизајн и заедничките простори организирани се така за да бидат добро осветлени, додека секторите за едитирање се сместени во зона каде нема прозори.

7

Боксови за осамување
Доколку некому затреба простор во кој може да се осами и да го подигне нивото на концентрација, тука се разнобојните боксови. Но и во оваа зона врската со целиот простор не е прекината, бидејќи едната страна на боксот е изведена од транспарентни прегради.

8
Со комбинација на тапациран мебел во пријатни бои и светло дрво, намалено е ладното визуелно влијание на бетонскиот под.
За да се придонесе на еколошкиот пат на проектот, околу 75% од мебелот од стариот простор е редизајниран и е д ел од новиот ентериер. Некои од новите парчиња мебел се фотелји и работни столици од локалните произведувачи.

6

9

Разновидна расвета
Со намера атмосферата да биде попријатна, тимот на компанијата Imperator во соработка со Lumi Group, расветата ја раздвоил на неколку типови, така што осветлување во просторот даваат висечки светилки, столни и подни ламби, како и насочена спот расвета и LED траки.

10

11

12

13

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top