Насловна / Вести / Реализиран првиот комерцијален лет на горивна смеса со палмино масло

Реализиран првиот комерцијален лет на горивна смеса со палмино масло

Минатата недела Индонезија го реализираше својот прв комерцијален лет со млазно гориво помешано со палмино масло, со што е добиено одржливо авионско гориво, наводно со пониски емисии. Ова гориво го произведува индонезиската енергетска компанија „Петрамина“, користејќи ја технологијата на хидропроцесирани естери и масни киселини. Индонезија е водечки светски производител на палмино масло. Летот е реализиран со авион од типот Boeing 737-800NG, на релација Џакарта – Сукарата, односно на растојание од 550 километри.

indonesia1

Авиоиндустријата која е голем емитер на стакленички гасови, бара начини да го намали својот јаглероден отпечаток со користење на алтернативни горива. Стручњаците велат дека на индустријата ќе и требаат 450 милијарди литри одржливо гориво (SAF) годишно до 2050 година, за значително да го намали јаглеродниот отпечаток и да придонесе во достигнувањето на климатските цели. Некои земји изразуваат загриженост поради користењето на палмино масло за вакви цели, укажувајќи на сечењето на шумите во производството на палмино масло од плантажи. Европската унија има воведено ограничување на увозот на оваа стока.

indonesia2

Испрати коментар

Scroll To Top