Насловна / Порта3 / Растение Клематис

Растение Клематис

klematis

Клематисот е листопаден повит од фамилијата Ranunculaceae. Има долг животен век, кој може да ја помине границата од 25 години.klematis crop

Ова растение, пред се, претставува цветно декоративен вид, кој најчесто цвета во периодот мај – август.klematis (2)

Цветот е крупен, до 10 см во дијаметар, со многу силни и впечатливи бои. Цветовите најчесто се сплескани или во форма на ѕвонче, а стеблото му е нежно и тенко. Листовите му се ретки и долгнавести.

klematis crop1

Ова растение има широка употреба во нашите градини. Најчесто се засадува покрај жичани огради или перголи, каде бавно се повива. За разлика од другите повити, клематисот го краси тоа што стеблото и гранките му се доста тенки и меки, со што му дава дополнителна декоративност.klematis (4)

На почеток на зимата целосно се суши. Затоа најдобро е сите надземни делови да се отстранат, со што ќе се обезбеди на пролет повторно да се развие.

Како вид претпочита богати, добро дренирани почви. Претпочита сончеви месторастења, а како идеално се препорачува исток.klematis (6)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top