Насловна / Вести / Расте незадоволството на мавровчани поради беззаконието во општината

Расте незадоволството на мавровчани поради беззаконието во општината

Жителите на мавровските села Маврово, Леуново, Никифорово и населбата Маврови Анови, велат дека веќе не можат да трпат беззаконие. „Мора да си ја вратиме општина Маврово и да преземеме мерки против урбанистичкиот хаос, непочитувањето на стандардите, загадувањето на езерото, исчезнувањето на рибата од Мавровското Езеро, нефункционирањето на комуналните служби, неконтролираната сеча на шумите“, се жалат жителите.

мав1_resize

Последното што ја прели чашата на незадоволството на мавровчани е најавата за наводна изградба на џамија пред влезот во Маврови Анови, на парцела каде што одамна е истечена дозволата за градба. Тоа не смее да се дозволи, велат мавровчани на неодамнешниот собир во просториите на некогашната општина Маврово и тука беше за првпат најавен можниот бојкот на локалните избори.

Во Општината Маврово-Ростуше веќе одамна работите не функционираат како што треба. Оваа година ретко кога се чистеше ѓубрето околу езерото, па дел од сопствениците на викендиците сами собираа средства за ангажирање на работници и камиони за празнење на кантите за ѓубре и покрај брегот на езерото. Сѐ почесто снемува вода и струја по куќите, пишува mkd.mk

мав_resize

Локалното население, заедно со сопствениците на ввикендици одамна предупредуваат на тоа дека голем дел од хотелите и угостителските објекти околу езерото отпадните води ги испуштаат директно во езерото. Ретко кој хотел тука има пречистителна станица. А и тие што имаат се стари и не им функционираат.

ez_resize

Пред еден месец Инспекторатот за животна средина и официјално го регистрира тоа на што јавноста укажуваше цела година и потврди дека хотелите Радика, Бистра, Спорт, Лодге и Алпине, помали погони, како на пример ЕуроЕдил, Новитет и Техно Блок, сите лоцирани во село Скудриње, немаат пречистителни станици или елаборати за заштита на животната средина.

мав2_resize

Дел од жителите на Никифорово се на суд со Националниот парк Маврово за неконтролирана сеча на нивната, приватна шума.

Како никогаш досега во Маврово се гради и покрај сериозните проблеми со инфраструктурата. Од општината признаваат дека не секогаш се почитува стандардот за забрана за градба во заштитниот појас во Националниот парк и дека не секогаш се почитува одредбата од Законот за води за забрана за градба од 50 метри од максималната кота на Мавровското Езеро.

мав3_resize

За сите овие проблеми, велат жителите од месните заедници од селата Леуново, Никифорово, Маврово и населбата Маврови Анови, веќе е информиран и државниот врв и очекуваат соодветна реакција од нив. Во спротивно најавуваат дека на денот на локалните избори ќе се организираат и ќе ги блокираат сите патишта на службениците кои ден пред тоа ќе го носат гласачкиот материјал во оваа општина. А веќе се работи и на моделите за тоа како Маврово пак да стане општина во границите како претходно.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top