Насловна / Вести / Расте бројот на домаќинствата во Виена кои немаат автомобил

Расте бројот на домаќинствата во Виена кои немаат автомобил

Според наводите на австрискиот автомото сојуз VCÖ, бројот на домаќинства во Виена кои не поседуваат автомобил, се зголемил за 25% во последните десет години. Анализата која ја спровел сојузот се базира на податоците од австрискиот статистички завод. Додека во 2010 година, 345.000 односно 41% од виенските домаќинства немале автомобил, во моментот таа бројка е  430.000 или 47%. Во 2020 година, 73% од жителите на Виена, ги минувале секојдневните релации пеш, со јавен превоз или со велосипед.  VCÖ истакнува дека бројот на автомобили дополнително би се намалил, доколку се продолжело со развојот на велосипедската инфраструктура и car sharing понудата. Истовремено, бројот на домаќинства кои имаат годишна претплата за градски превоз пораснал од 40 на 52%. Домаќинствата кои поседуваат два автомобили во просек минуваат 12.400 километри годишно со едниот и 6.400 километри годишно со другиот. Виенчаните главно ги користат автомобилите за излети надвор од градот и за посета на фамилиите на село.

vco1

vco2

Испрати коментар

Scroll To Top