Насловна / Вести / Рамбо Амадеус: Секој грам CO2 кој го испуштате во воздухот, ќе го вдишуваат вашите внуци, без оглед на тоа колку пари ќе им оставите на сметка

Рамбо Амадеус: Секој грам CO2 кој го испуштате во воздухот, ќе го вдишуваат вашите внуци, без оглед на тоа колку пари ќе им оставите на сметка

rambo-skver-Antonio-Pushic

Сигурно е дека на овие простори не постои човек кој не слушнал за Рамбо Амадеус, музичар, поет и како што самиот се опишува „медиумски манипулатор“. Но, не знаат баш сите дека зад псевдонимот и маската на контроверзниот уметник се крие големиот борец за екологија и обновливи извори на енергија – Антоније Пушиќ. Во своето интервју за српскиот “Energetski portal“ тој раскажува за своите убедувања и активности во оваа област, како и за својот најнов проект „Соларен ретро едреник“.

Rambo-Amadeus

Смета дека хибридните возила во моментот се најдобриот избор за секој возач, и дека од особена важност е да се сочува чистоата на морињата, почвата и воздухот за идните поколенија. „Граѓаните разбирааат дека енергетската ефикасност е добра, но погрешно очекуваат дека со тоа треба да се занимава државата или големите енергетски компании. Граѓаните би требало да влезат во оваа приказна сами, и тоа од многу едноставна причина – бидејќи тоа се исплатува. И конечно, и најважно, бидејќи секој грам CO2  кој го испуштате во воздухот, ќе го вдишуваат вашите внуци, без одглед на тоа колку пари ќе им оставите на сметка“ подвлекува популарниот Рамбо Амадеус.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top