Насловна / Ентериери / Рачно изработен мебел од природни материјали

Рачно изработен мебел од природни материјали

Dijana Omeragic Atanasovski (1)Секој од нас мисли дека мебелот може да се работи само машински, на посебен начин, во фабрика на големи машини кои сериски произведуваат стотина и повеќе парчиња ист мебел. Ставот на повеќето луѓе е ист. Таквиот мебел одлично се вклопува во секој дом.

Но, и рачно изработениот мебел одлично би можел да се вклопи во секој дом, без разлика на тоа дали е модерен или класичен. Симон Апостолски и Дијана Омераѓиќ-Апостолски го покажаа токму тоа дека и рачно изработениот мебел од природни материјали е добар за употреба. На прв поглед многу едноставни, но сепак специфични за изработка затоа што некои од нивните маси бараат дури месец и половина работа. „Plié & Grand Plié“ масите ја претставуваат точката каде класиката и модерното се сретнуваат. Изборот на префинетите природни материјали кои со векови се користат за изработка на мебел и иновативниот дизајн и неговата примена се столбовите на овој концепт. Направени се од мермерот сивец од Прилеп и од дрвото сипо махагони кое се набавува од Нигерија. „Мермерот сивец е одличен за архитектонски апликации. Дрвото сипо махагони е вреден предмет за убаво, издржливо, обоено парче мебел. Тука ги поврзавме овие два материјала и добивме квалитетни маси, кои се и доста издржливи“, објаснува Апостолски.

Dijana Omeragic Atanasovski (2) Dijana Omeragic Atanasovski (3) Dijana Omeragic Atanasovski (4)Масите „Берлин“ се претставници на интензивната интеракција меѓу идејата и процесот на индустрискиот дизајн и модерниот концепт на отмените простори.

Интересно парче мебел кое го имаат направено, а кое привлекува внимание е масата со камена плоча која во средината има неколку дупки кои природата сама ги направила, но кои може да бидат функционални во домот за оставање чаши.

Dijana Omeragic Atanasovski (5) Dijana Omeragic Atanasovski (6) Dijana Omeragic Atanasovski (8)Архитектите велат дека масовно производство од овие маси нема да има. „Можно е да се направат десетина од еден модел, но повеќе од тоа нема да има затоа што станува збор за мебел кој е рачно направен, бара посебни материјали и клиенти кои навистина сакаат вакви парчиња мебел во својот дом“, додава Апостолски.

Инаку, Дијана Омераѓиќ-Апостолски и Симон Апостолски годинава го имаат основано студиото ‘OMERAGIC + APOSTOLSKI’, во кое стекнатото меѓународно искуство во полето на архитектурата, дизајнот и применетите уметности, тие го сублимираат со своето знаење, искуство и талент во еден концепт, кој создава целовити и креативни производи.
Dijana Omeragic Atanasovski (7)

Испрати коментар

Scroll To Top