Насловна / Вести / Пуштена во работа првата 5G базна станица во Србија

Пуштена во работа првата 5G базна станица во Србија

Минатата седмица „Теленор Србија“ ја пушти во работа првата 5G базнa станицa во Србија, во Научно – технолошкиот парк во Белград. Компанијата „Теленор“ креирала  5G опкружување кое веќе можат да го користат домашни и странски компании, стартапови и студенти од техничките факултети за развој на технолошки решенија на иднината.

5GSrbija2

Петтата генерација на мобилната телефонија носи повеќекратно поголема брзина на пренос на податоци, поголема покриеност и се очекува да има најголема примена во автоматизацијата и регулирањето на призводните процеси, медицината, комуналните услуги и автомобилската индустрија.

5gSrbija1

Во врска со оваа технологија, бројни се укажувањата за штетите кои ги предизвикува, а на глобално ниво стотици научници се обидуваат да го вклучат алармот. Еден од нив, Dr. Martin Pall, кој ги истражувал промените кои зрачењето ги предизвикува врз клетките на човекот, за 5G технологијата вели дека „е најглупавата идеја во историјата на човештвото“.

Во април годинава, Брисел ги запре плановите за имплементирање на  5G технологија поради негативните ефекти од  зрачењето врз здравјето на луѓето.

 

Испрати коментар

Scroll To Top