Насловна / Вести / Првиот дрвен лаптоп на светот: Начин за намалување на електронскиот отпад и јаглеродниот отпечаток

Првиот дрвен лаптоп на светот: Начин за намалување на електронскиот отпад и јаглеродниот отпечаток

iameco е компанија од Даблин, Ирска, чие целокупно работење е фокусирано на одржливоста. Еден од пронајдоците на оваа компанија е и првиот еколошки лаптоп, моделот D4R.  Поттикнати од проблемот на натрупување на електронскиот отпад и користењето на штетни материјали и отровни хемикалии во технолошките уреди, иноваторите настојувале да го неутрализираат придонесот на овој сектор во уништувањето на животната средина. Со развивањето на лаптопот, тие сакале да постигнат намалување на емисиите на стакленички гасови за најмалку 30%, барем 70% учинок во областа на повторната употреба и рециклирање, и намалување на потрошувачката на вода за 75%. Во соработка со своите партнери, тие ги оствариле зацртаните цели. Првиот чекор кон одржлив производ, кои го постигнале инженерите на компанијата е векот на траење на производот. Прогнозираниот животен век на лаптопот изнесува 10 години. Сепак, ќе се запрашате – на кој начин еден компјутер од  2018 ќе може да служи и во 2025година, со оглед дека технологијата брзо застарува и се заменува со нова? Компанијата обрнала внимание и на овој момент. Модуларниот дизајн на компјутерот овозможува замена на поединечни компоненти, кога нивната понапредна верзија ќе биде достапна на пазарот. Покрај тоа, iameco од својот процес на производство ги има исфрлено токсичните хемиски елементи акко олово, кадмиум и жива. Во споредба со класичните лаптоп компјутери, дрвениот користи една третина помалку енергија, а наместо пластика се користат пепел, јавор и бука од одржливи шуми.  Освен лаптопот, во асортиманот на компанијата се наоѓаат и дрвен таблет, тастатура и глувче.

Photo by Kevin Mcfeely

Photo by Kevin Mcfeely

iameco3

iameco4

iameco5

Photo by Kevin Mcfeely

iameco7

Испрати коментар

Scroll To Top