Насловна / Вести / Прва меѓународна жичарница меѓу Русија и Кина

Прва меѓународна жичарница меѓу Русија и Кина

Првата прекугранична жичарница се планира да биде изградена преку реката Амур, која е граница меѓу источна Русија и Кина. Проектот за станица во Благовешченск на руската страна на границата го направи УНСтудио, додека проектантите за терминал во кинескиот град Хеихе сè уште не се избрани.

Четири кабини за 60 лица ќе превезуваат луѓе на две меѓународни линии што ги поврзуваат двата града. Патниците ќе се превезуваат на 7,5 минути, додека времето за патување меѓу станиците ќе биде 3,5 минути.

zicarnica1

Овие два града одделени со река честопати се поврзани во зима кога реката замрзнува.

Станицата на жичарницата во Благовешченск е дизајнирана да изгледа како „светилник на заедничка просперитетна иднина за двата народа“. Тој ќе понуди поглед на рускиот град кој се протега преку реката до Кина.

Јавната кровна тераса ќе биде изградена на страната на зградата со поглед на реката, додека трасата по која поминуваат патниците пред да влезат во жичарницата ќе обезбеди поглед на градот Хеих. Покрај терасата, во зградата ќе има јавно достапен ресторан и конференциска сала.

zicarnica

Како и на меѓународните аеродроми, преминувањето од една земја во друга и кај жичарницата ќе биде со дел за контрола на пасош.

Жичарниците сè повеќе се предлагаат како опција за јавен превоз. Покрај жичарницата „Благовешченск“, УНСтудио работи на дизајнирање на уште два, во Гетеборг и Амстердам. Ван Беркел смета дека жичарните системи обезбедуваат нова форма на јавен превоз кој е одржлив, исклучително брз, сигурен и ефикасен. Тој додаде дека жичарниците ни овозможуваат да ги видиме и доживееме нашите градови на еден сосема поинаков и нов начин.

zicarnica2

Испрати коментар

Scroll To Top