Насловна / Архитектура / Прва кула во светот што нема да испушта јаглерод диоксид

Прва кула во светот што нема да испушта јаглерод диоксид

Associated Architects го потпишуваат проектот „Curzon Wharf“ во Бирмингем, кој според архитектите ќе биде најзелената кула во светот.

Во соработка со инженерската консултантска куќа Cundall, тие развија материјали за изолација за да ја намалат потрошувачката на енергија на минимум.

kula

Објектот ќе се снабдува со енергија од одржливи извори, што значи дека во неговата секојдневна работа нема да испушта СО2 во атмосферата, пишува Dezeen.

“Откако ќе се реализира, кулата „Curzon Wharf“ може да биде пример за тоа како треба да се развиваат јаглеродно неутрални објекти низ целиот свет“, вели архитектот Алекс Картер.

Да се ​​постигне јаглеродна неутралност во текот на целиот животен век на оваа зграда не значи само отстранување на емисиите на СО2, туку и вклучување системи кои активно го отстрануваат јаглеродот од атмосферата. Сепак, не е објаснето точно како ќе работи…

kula1

Комплексот ќе биде позициониран како порта кон центарот на градот, „како состав на скулпторски форми“, достигнувајќи висина од 165 метри на својата највисока точка. Највисоката кула, од 53 ката, ќе има 498 апартмани, додека втората највисока ќе има 41 кат и ќе се користи за студентско сместување.

Помалата зграда од 14 ката ќе се користи како простор за живеење со 265 станбени единици, додека во четвртата и најниската деветкатница ќе има деловен простор.

kula2

Двете повисоки кули се дизајнирани да ги рефлектираат пропорциите на блиската кула БТ и да им оддадат почит на високите индустриски оџаци, што некогаш можеше да се видат во градската панорама.

Сите четири згради во финишот ќе имаат исти фасади, кои ќе се карактеризираат со шаховски дизајнирани црвени панели, кои се во согласност со старите згради од тули и индустриското архитектонско наследство. Изгледот на шаховските табли ќе се постигне со наизменично поставување кортен плочи и стаклени панели. Сепак, ќе се внимава стаклото да биде што е можно помало за да се обезбеди највисоко можно ниво на топлинска изолација.

За да се постигне нето-нула јаглерод за време на животниот век на зградата, фасадата ќе биде изолирана и дизајнирана според стандардите на Passivhaus, додека сите прозорци ќе бидат тројно застаклени.

Греењето на зградата, вклучително и греењето на водата, ќе биде организирано со топлински пумпи, додека електричната енергија ќе се добие преку обновливи извори, како што е сончевата енергија преку фотонапонски системи. Според архитектите, потрошувачката на електрична енергија ќе се намали на „многу ниско ниво“ со максимизирање на дневната светлина и користење на ЛЕД осветлување, како и паметни системи што ќе го контролираат осветлувањето во зградите.

kula3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top