Насловна / Арт и дизајн / Прв музеј на „Мазда“ во Европа

Прв музеј на „Мазда“ во Европа

Во Германија е отворен првиот музеј на класични автомобили на брендот „Мазда“ во Европа, кој е, исто така, прв ваков музеј надвор од Јапонија.

Компанијата „Мазда“ постои речиси еден век, а од 60-тите години на 20 век произведува бројни модели кои оставиле свој белег во автомобилската историја.мазда музеј (4)

Многу од автомобилите што излегле од фабриките на јапонските производители, од сега може да се видат во новиот музеј „Мазда“ во Аугсбург, Германија.мазда музеј (7)

Музејот е отворен во соработка помеѓу германското претставништво на „Мазда“ и локалниот продавач „Авто Фреј“. Изложени се вкупно 45 модели, од кои повеќето биле достапни во Европа, а може да се видат и некои кои никогаш не се продавале на Стариот континент.

Меѓу експонатите се и многу важни модели во историјата на „Мазда“, како што е Cosmo Sport од 1967 година, потоа Luce RX87 од 1969 година, а најновиот изложен автомобил е познатиот RX-7 од 1992 година, кој исто така е најдобро продаваниот модел на „Мазда“ со ротационен мотор.мазда музеј (6)

Тука, исто така, е и првиот сериски патнички автомобил на јапонската компанија, Mazda R360 од 1960 година.мазда музеј (5)

Во музејот се изложени и лесни комерцијални возила нa три тркала – K360 од 1962 година, како и Familia 1000 Coupe од 1966 година.мазда музеј (3)

Фановите на Мазда автомобилите во Аугсбург може да го видат и спортскиот модел со централно поставениот мотор, AZ-1 од 1992 година, но и „Мазда“ 616 како прв модел на јапонскиот производител, кој од 1973 година официјално се продава на германскиот пазар.мазда музеј (2)

Иако во музејот моментално се изложени 45 возила, колекцијата вкупно се состои од повеќе од 120 автомобили, кои порано или подоцна ќе бидат претставени на јавноста во рамките на новите поставки.мазда музеј (1)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top