Насловна / Вести / Прв конгрес на црноморската асоцијација од областа на наука и технологија за производство на храна – B-Fost во Охрид

Прв конгрес на црноморската асоцијација од областа на наука и технологија за производство на храна – B-Fost во Охрид

Од 22 до 24 септември, во хотел ТИНО – Св.Стефан во Охрид, ќе се одржи Првиот конгрес на црноморската асоцијација од областа на наука и технологија за производство на храна – B-Fost (www.keyevent.org).

Настанот во организација на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ, седиште на Mакедонската регионална секција на Европската групација за хигиенско инженерство и дизајн (EHEDG), започнува на 22 септември во 9 часот.

Поздравни говори ќе имаат проф. д-р Сашо Коруновски, ректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во Битола и проф. д-р Владимир Какуринов – претседател на конгресот и Извршен директор на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ од Скопје.image001

Овој настан се одвива во соработка со: Eвропската групација за хигиенско инженерство и дизајн (EHEDG), Иницијативата за глобална хармонизација (GHI), Европската федерација од областа на наука и технологија на храна (EFFoST), Европската асоцијација на хемиски и молекуларни науки (EuChMS) и Асоцијата за храна – ISEKI (IFA).

Според организаторите, настанот дава единствена можност за вмрежување и размена на искуства меѓу научници, истражувачи, професионалци, компании, владини и невладини организации, консултанти и индивидуалци кои работат во областите на: производство и преработка на храна, квалитет и безбедност на храна, исхрана, хигиенско инженерство и дизајн, иновативни технологии и нови трендови во прехранбената индустрија кај нас во светот.

Овој конгрес претставува платформа за дисеминација на знаење добиено преку работа во домашни, европски и меѓународни проекти пред повеќе од 150 претставници од 30 земји во светот (Германија, Австрија, Белгија, Швајцарија, Холандија, Велика Британија, Нов Зеланд, Русија, Белорусија, Грузија, Романија, Турција, Сбија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Македонија и др.)

Темите кои ќе бидат опфатени на настанот се од областите на хигиенско инженерство и дизајн и квалитет и безбедност на храна, и тоа 40 орални и 50 постер презентации.

 

Научните и стручните трудови на учесницитеќе бидат објавени во Journal of Hygienic Engineering and Design – JHED (www.jhed.mk).

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top