Насловна / Архитектура / Промоција на втората книга од работилницата „Град за сите: Модерна за деца 2“

Промоција на втората книга од работилницата „Град за сите: Модерна за деца 2“

Утре, 03.10.2019 на Архитектонскиот факултет во Скопје (АФС) во 18 часот, Плоштад Слобода – Freedom Square ќе ја промовира втората книга од работилницата „Град за сите: Модерна за деца 2“.

афс1
Да се биде граѓанин на една метропола е општествена одговорност од највисок степен, а тоа значи и негување и зачувување на јавниот и колективниот простор. Градот се учи да се сака уште од мали нозе и токму затоа нашите проекти кои ги активираат најмладите граѓани на Скопје, преку директна средба со културното архитектонско наследство на градот, ни се едни од најважните.

афс
Оваа сезона ја одработивме втората работилница „Град за сите: модерна за деца“ каде малите креативци имаа можност да научат што е јавен простор, каков јавен простор генерираат зградите од модерната во Скопје и како да се грижиме за градителското наследство. Исклучително важно е младите генерации да ги дознаат и прошетаат овие квалитетни простори, да ги засакаат и понатаму да ги одржуваат и подобруваат.
Резултатите се во втората книга, која ќе биде промовирана овој четврток, донесете ги своите деца!
Проектот е комплетно поддржан од Град Скопје, со пријателска поддршка од ИКС. #Реагирај #НеИгнорирај

пс MK-LOGO-COLOR-33

Испрати коментар

Scroll To Top