Насловна / Вести / Професор Крибус одржа предавање за соларна енергија пред студентите на ФЕИТ

Професор Крибус одржа предавање за соларна енергија пред студентите на ФЕИТ

Искористувањето на сончевата енергија е многу успешно и прилично компетитивно, но веќе се бараат начини како нејзината примена да стане уште поевтина, уште подостапна и уште поконкурента, порача професор д-р Абрахим Крибус од Универзитетот Тел Авив на стручното предавање кое денес го одржа пред студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Предавањето се одржа во рамки на Студентската конференција за енергетска ефиканост и одржлив развој, каде Крибус одржа предавање насловено како „Соларна енергија – предизвици и можности“. Предавањето го организира изралеската амбасада а на предавањето присуствуваше и Амбасадорот на Израел во Република Македонија, Н.Е. Дан Ориан.

„Главен предизвик во користење на соларната енергија е наоѓање решенија за оптимизација на ефикасноста во однос на цената на чинење. Затоа, применуваме нанотехнологии за добивање сончеви ќелии, нови иновативни пристапи за складирање на енергија, хибридни системи за генерирање електрична енергија и друго“, рече Крибус.

Abraham Kribus

Професор Крибус е #SwissEP претприемач кој работи со помошни организации и старт-апи во Македонија. ЕИР Европа е иницијатива на Швајцарската програма за претприемништво, финансирана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact во конзорциум со Ј.Е.Астин.

Крибус а активен професор на Универзитетот Тел Авив, на Факултетот за инженерство, оддел за механичко инженерство со 8 патенти и е автор на 260 научни трудови. Тој говореше и за нови алтернативни и обновливи начини за создавање енергија.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top