Насловна / Архитектура / Проект „Сеул на вода“

Проект „Сеул на вода“

Компанијата МВРДВ победи на конкурсот за репроектирање на долината Танчеон и на обалата на Сеул, трансформирајќи ги и реките Танчеон и Хан. Проектот, наречен „Weaves“, има за цел да поврзе патеки за пешачење и велосипедизам, природни пејзажи и јавни места во социјални активности. Областа опфаќа локалитет меѓу поранешниот олимписки стадион во Сеул во областа Јамсил и Централниот деловен округ Гангнам.

seul

Победничкиот тим објаснува три аспекти на проектот. Првиот е за враќање на реката во природната состојба, замена на пејзажот со бујна зелена обала и промена на реката од права до кривулеста. Вториот дел е поврзан со развој на мрежа на лизгачки меѓусебно поврзани патеки што овозможуваат лесен пристап на пешаците до целиот брег, создавајќи можност посетителите да се запознаат со природата на различни начини. Третиот аспект е јавната програма на паркот, кој заедно со патеките се спојуваат во платото, се издига над пејзажот и создава видиковец, амфитеатар или го формира покривот на кафулиња и други објекти.

seul1

Централниот аспект на проектот е пешачкиот мост што го поврзува округот Гангнам со Олимпискиот парк. Патеките се издигнуваат од реката и создаваат крстосница што вклучува платформа за набудување, мала трибина и медиумско плато. Проектот нарачан од Владата на Сеул треба да ги комбинира човековите активности и природата во урбаното опкружување.

seul2

„Weaves“ е проект кој ја внесува природата во урбаната средина и ја комбинира со исклучителна, разновидна инфраструктура. Овој проект се вклопува во локалниот идентитет. Јамсил е познат по својата историја на производство на свила и проектот наликува на сложени свилени нишки на уникатен и разигран начин.

Изградбата се очекува да започне во 2021 година, а завршувањето е планирано за 2024 година.

seul3

seul4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top