Насловна / Вести / Проект H1: Град без автомобили во кој „се што треба“ се наоѓа на максимум 10 минути пеш

Проект H1: Град без автомобили во кој „се што треба“ се наоѓа на максимум 10 минути пеш

Замислете да живеете во град кој на располагање има се што Ви треба, а потребни Ви се само 10 минути пеш до секое место. Под името Project H1, ваквата населба е блиска иднина која се развива во близина на Сеул, Јужна Кореја. Овој град ќе биде во целост без автомобили. „Минијатурниот метрополис“, со широки улици и природа на куќниот праг, покрај станбените квартови ќе понуди и паркови, хотел, кино, библиотека, спортски терени, велнес центри и сл.

unstudio1

unstudio2

Апсолутно секој стан ќе има тераса, а станарите ќе бидат поттикнати да одгледуваат разни билки. Зградите ќе имаат бројни заеднички простори, од кои најистересен сегмент е заедничката тераса на покривите. Проектот го води холанската аркитектонска компанија UNstudio, а се гради на локација на поранешна инсустриска зона. Населбата ќе биде поврзана со главниот град преку метро линија, но жителите постојано ќе се поттикнуваат на пешачење и возење велосипед.

unstudio3

unstudio4

Испрати коментар

Scroll To Top