Насловна / Вести / Продажбата на електрични возила во ЕУ е зголемена повеќе од трипати

Продажбата на електрични возила во ЕУ е зголемена повеќе од трипати

Во 2020 година, продажбата на електрични возила во Европската унија е зголемена повеќе од трипати, достигнувајќи за прв пат 10,5 отсто, покажуваат новите статистички податоци. Тоа е исто така знак дека стимулациите за земјите-членки на ЕУ да купуваат автомобили со нула емисија на СО2 даваат резултати.

avtomobili2

Хибридните возила постигнале 11,9 отсто од уделот на продажниот пазар во 2020 година, додека учеството на возилата со фосилни горива на пазарот е паднат под 50 отсто.

Скокот од три отсто од продажбата на електрични возила во ЕУ на годишно ниво во 2019 година, на 10,5 отсто во 2020 година, е јасен знак дека ослабува доминацијата на автомобилите врз фосилни горива. Тој факт, исто така, ги зголемува очекувањата дека продажбата на електрични возила ќе постави цел од 35-40 отсто од вкупниот пазар до 2030 година.

Европската унија поставува сè построги стандарди за намалување на емисиите на стакленички гасови. Според овие правила, автомобилите со фосилни горива мораат да емитуваат 37,5 отсто помалку СО2 до 2030 година, а комбињата треба да ги намалат емисиите на СО2 за 31 отсто, пренесува Еурактив.

avtomobili1

Продажбата на автомобили со фосилни горива е најниска во последните 30 години, се вели во извештајот на Институтот ЦАИ во Дуизбург.

Во извештајот се наведува дека продажбата на нови автомобили е за 25 отсто помала во споредба со истиот период во 2020 година, а автомобилските компании потврдија дека најлоши резултати се забележани во Шпанија (пад од 51,1 отсто) и Данска (пад од 45 отсто).

avtomobili

Испрати коментар

Scroll To Top