Насловна / Вести / Продавница АПоТЕКА во МКЦ

Продавница АПоТЕКА во МКЦ

Денеска (20 јануари) по повод „Роденденот на уметноста“, кој Младинскиот културен центар го прославува во изминатите шест години, ќе сe отвори продавница за дискови, книги, ракотворби… , насловена АПоТЕКА.

Модерно опремената продавница, каде што ќе може да се купат предмети од културата и уметноста, се простира на околу 50 квадратни метри и се наоѓа веднаш до инфопултот на влезот во МКЦ.апотека

– Во АПоТЕКА ќе се снабдите со сè што нема да го пронајдете во „светилиштата“, популарните „молови“: плоча, диск, книга, ракотворба, велосипед, облека… Или: сите намирници од уметноста и културата неопходни за „преживување“, без рецепти. Своја нова адреса ќе најде и легендарната скопска продавница за плочи Maximum Rock’n’Roll, информира МКЦ.

Испрати коментар

Scroll To Top