Насловна / Вести / Пекинг во 2017 ќе потроши 2,7 милијарди долари за почист воздух

Пекинг во 2017 ќе потроши 2,7 милијарди долари за почист воздух

Пекинг оваа година ќе потроши 2,7 милијарди долари за борба против загадувањето на воздухот, јави агенцијата Синхуа.

Парите ќе бидат употребени на затворање или модернизација на повеќе од 2.000 фабрики кои се сметаат за најголеми загадувачи, замена на јагленот со чиста енергија на периферијата на градот, како и постепено исклучување на 300.000 стари возила од сообраќај.загаден пекинг

Властите сакаат значително да го поправат лошиот квалитет на воздухот во Кина, посебно во главниот град.

Последните неколку недели Пекинг беше со многу загаден воздух, па властите привремено ги затворија фабриките и им забранија на децата да одат во училиште.

Во среда беше формирана нова полициска единица за заштита на природната средина, чија примарна задача да го искорени нелегалното палење по градот.

Испрати коментар

Scroll To Top