Насловна / Арт и дизајн / Продаден многу редок часовник на Пикасо

Продаден многу редок часовник на Пикасо

Очигледно, не е само уметноста на Пабло Пикасо она што може да ги привлече неговите обожаватели со длабоки џебови. Реткиот часовник, кој некогаш го носел шпански уметник, продаден е за 18 пати поголема цена во споредба со проценетата, благодарение на голема војна меѓу понудувачите.

п1_resize

Часовникот, кој овие денови е продаден на аукцијата во рамки на Bonhams Luxury Watch Sale, одржана во Париз, според проценките требало да достигне цена помеѓу 14.700 и 22.000 американски долари, но заминал кај неговиот нов сопственик, кој платил неверојатни 267.000 американски долари.

Дизајниран како дело на независен швајцарски производител на часовници, Michael Z. Berger, моделот од не’рѓосувачки челик датира од 60-тите години на минатиот век, а е само еден од трите кои на својот бројчаник го носат името на Пикасо, наместо индексот на часовник.

п3_resize

„Тоа е неверојатно откритие и многу сме возбудени од овој резултат, кој е повеќе од импресивен“, објаснува Jonathan Darracott, директор на одделот за часовници на „Bonhams“. Покрај тоа, часовникот крие механизам за рачно навивање со 17 драги камења, кој управува со времето, заедно со класична и еластична челична нараквица. Пикасо е виден на бројни фотографии со овој часовник на раката, поради што неговата популарност е толку голема.

п2_resize

Според аукциската куќа, Пикасо лично и го подарил овој часовник на неговата пријателка, грчката скулпторка Lela Kanellopoulou, а нејзин роднина сега одлучил да го продаде на аукција.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top