Насловна / Арт и дизајн / Презентација на „Добри градски практики“: иновативна социјална платформа СинАтина на градот Атина

Презентација на „Добри градски практики“: иновативна социјална платформа СинАтина на градот Атина

Денес, во 13 часот, во Skopje Urban Living Lab ќе се одржи првата презентација од сесијата „Добри градски практики“ на гостите од градот Атина, кои ќе ги изложат резултатите и успехот на иновативната социјална платформа – СинАтина (synAthina).

Настанот е во организација на „Лабараторијата за урбано живеење – Скопје“ (SkULL), Град Скопје и Архитектонскиот факултет од Скопје при УКИМ, и е дел од ROCK проектот кој е финансиран од Европската Унија во рамките на програмата Хоризонт 2020.

sinAtina

Дигиталната платформа СинАтина овозможува најразличните активности да бидат идентификувани, споделени и промовирани. Таа е заеднички простор кој ги обединува граѓанските групи и иницијативите за подобрување на квалитетот на животот во градот и преку кој граѓаните и групите поднесуваат идеи со социјално влијание. Платформата прави мапирање на групите и активностите во градот, а веб-страницата на synAthina нуди онлајн алатка која ги поврзува активностите на граѓаните со сите други заинтересирани страни, како спонзори, волонтери, бизнис заедници и центри на знаење кои можат да понудат поддршка. Со тоа што платформата врши евалуација на активностите на граѓаните и ги препознава најдобрите практики, СинАтина континуирано ја информира градската администрација за приоритетите на граѓаните, а преку поддршката на активностите на граѓаните, Градот Атина создава нова перцепција за односот меѓу граѓанското општество и локалната власт.

СинАтина, стана еден од петте европски добитници на наградата на Блумберг за избор на градоначалнички предизвик (Bloomberg Mayors Challenge Award) и доби голема финансиска поддршка. Во моментов раководена од канцеларијата на заменик-градоначалникот за граѓанско општество и иновации, synAthina веќе бележи 2.263 активности од 277 групи регистрирани како активни членови. Овие активности се движат од оперативни народни кујни до организирање на алтернативни туристички тури; создавање џебни паркови; лансирање кампањи за анти-графити; но и активности за заштита на уличната уметност и пронаоѓање решенија за ревитализација и ре-употреба на девастирани, напуштени градски простори и објекти, каков што беше пазарот Кипсели, кој како модел за ревитализација беше користен за дефинирање на алтернативни намени на други напуштени јавни згради.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top