Насловна / Вести / Претставен е Законот за обнова на Загреб по земјотресот

Претставен е Законот за обнова на Загреб по земјотресот

Хрватската влада брзо реагираше на катастрофалните последици од неодамнешниот земјотрес во Загреб. Според првите проценки, оштетени се околу 30.000 објекти, од кои најмалку 500 треба да бидат срушени. Министерот за градежништво, на 31 ви март 2020 го претстави пред јавноста предлогот на посебниот закон со кој ќе се уреди обновата на градот. Законот ќе биде донесен по итна постапка, и опфаќа три категории на објекти. Првата посебна категорија се индивидуалните куќи. За сите оние чии куќи ќе мора да бидат срушени, ќе им се обезбеди соодветна заменска недвижност – изградба на нов објект соодветно на бројот на членови во домаќинството, или исплата на еквивалентни парични средства. Третата категорија се јавните згради, чии трошоци во целост ги покрива држвата. Третата категорија се станбените згради, од кои ниту една не е означена за рушење. кај оваа категорија, државата ќе субвенционира реконструкција од поголем обем, додека на товар на граѓаните ќе бидат ситните поправки. Главната грижа на владата, кај оваа категорија  е да интервенира во обезбедувањето на статиката и покривите.

Обновата ќе се финансира од државни средства и од буџетот на Град Загреб, но ќе се побараат и средства од Европската Комисија. Исто така, ќе биде организирана и меѓународна донаторска конференција.

zagrebzakon3

zagrebzakon1

zagrebzakon2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top