Насловна / Вести / Пресушуваат Викториините водопади (ВИДЕО)

Пресушуваат Викториините водопади (ВИДЕО)

Викториините водопади се обидуваат да преживеат за време на една од најтешките суши што ја мачи Јужна Африка. Водопадите, каде што африканската река Замбези се втурнува во бездна длабока 100 метри, привлекоа милиони туристи кои доаѓаат во Зимбабве и Замбија со децении да го видат овој извонреден поглед.

Иако количината на вода во Замбези обично се намалува во текот на сувата сезона, експертите предупредуваат дека има незамислив пад на нивото на водата оваа година.

Viktoriini vodopadi

Најголемата суша во последните 100 години го задржа нивото на водата на минимум, предизвикувајќи стравувања дека климатските промени би можеле да убијат една од најголемите туристички атракции во регионот.

“Во претходните години, за време на сушата, не беше во оваа мерка. Ова е првпат да видиме вакви водопади“, вели Доминик Нијамбе, продавач на сувенири.

Јужна Африка е веќе погодена од најлошите ефекти на глобалното затоплување. Чешмите се исушија во многу области, а помош во храна е потребна за околу 45 милиони луѓе чии култури не успеале заради сушата.

Зимбабве и Замбија се погодени од ограничување на електричната енергија, чие производство зависи исклучиво од хидроелектраната на Карибите, лоцирана на реката Замбези, спротиводно од водопадот.

Километрите на ова природно чудо што беа извор на живот за флората и фауната во областа, сега не се ништо повеќе од карпа. Во другите делови на водотекот, има многу малку вода.

Претседателот на Замбија, Едгар Лунгу рече дека ова е предупредување што укажува на штетата предизвикана од климатските промени.

Водопадите на Викторија се едни од најголемите и најспектакуларните во светот. Водопадите, широки над еден ипол километар, со пад од 128 метри, го добиле името по британската кралица Викторија од шкотскиот истражувач Дејвид Ливингстон, првиот западник кој ја посетил областа во 1855 година.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top