Насловна / Архитектура / Престанува да излегува познатото архитектонско списание Орис

Престанува да излегува познатото архитектонско списание Орис

Од Загреб доаѓа вест, дека списанието за архитектура Орис, нема веќе да излегува, барем на некое време. Како што јавуваат од Орис: „Оптоварени со секојдневни невообичаени тешкотии, а кои секако влијаат и врз издаваштвото, ве информираме, се надеваме, за само привремен прекин на издавање на списанието Орис“.

or_resize

Уште во септември, архитектот Андрија Русан испрати меил на многу адреси со цел да се обиде да го спаси списанието што се издава повеќе од дваесет години, пишува Јутарњи лист. На ситуацијата не и помогна ниту фактот што Денови на Ориса, кои традиционално се одржуваат на крајот на октомври, не можеа да се одржат во живо, туку онлајн.

Благодарение на ова списание, имавме можност да гледаме во живо, или читаме инспиративни интервјуа, многу светски познати архитекти, некои од нив добитници на најважната награда за архитектура Прицкер, меѓу кои: Balkrishna Doshi, Zaha Hadid, Tadao Ando, Alejandro Aravena, Sou Fujimoto, Mario Botta, Kengo Kuma, Winy Maas, Смиљан Радиќ, Kazuyo Sejima, Álvaro Siza и многу други. Во јуни, многу од нив ги испратија и своите дела на изложбата „Пријатели за Орис“.

or1_resize

Историја на Орис

Орис – списание за архитектура и култура на живеење, го започна во сега веќе далечната 1998 година, архитектот Андрија Русан. Списанието излегува во двомесечен ритам и во двојазично хрватско-англиско издание, и се обраќа на стручната јавност, но и на пошироката публика  заинтересирана за архитектура, дизајн, фотографија, театар, визуелни уметности и теорија. Од 2012. година, списанието е достапно и во електронски формат.

Заедно со списанието во 2000 година се воспоставија и Денови на Орис – дводневен меѓународен архитектонски симпозиум со предавања од меѓународни и хрватски архитекти, кој оваа година би требало да го доживее своето 20-то издание. Во 2015 година во Загреб, е отворена и Орис куќа на архитектурата, замислена како место, како што ја опиша Русан, на „промоција на архитектурата, културата, средби и дружења“.

ор0_resize

Андрија Русан, пред да го започне Орис со група соработници, бил уредник на списанието Човек и простор, кое уште од 1954. година го издава Здружението на архитектите на Хрватска, и е најдолговечно списание со тој профил. Меѓу неговите позначајни архитектонски проекти, се хотелот Белви во Мали Лошињ, плоштадот со музејот во Плетерница, гробиштата во Пожега, канцелариската зграда Lumenart во Пула.

or2_resize

Сепак, како што најавија, програмата за Орис куќа на архитектурата продолжува со намален обем, но со ист ентузијазам како и последните години. Исто така додаваат: „ни претставува големо задоволство да го најавиме новиот фестивал на Орис – To Spring with Oris, што ќе се одржи на 18. – 19. март“.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top