Насловна / Вести / Предлог за обнова на пешачкиот мост во Шангај (видео)

Предлог за обнова на пешачкиот мост во Шангај (видео)

100architects го претстави својот предлог за обнова на пешачкиот мост Puji Road во Шангај, иконичниот мост преку Suzhou Creek кој ги поврзува градските четврти Zhabei и Jing’an.

3_resize

The Suzhou Creek е познат како музеј на мостови поради голем број структури кои преминуваат преку водата. Овој мост прв пат е изграден 1997. година само за пешаци. Во 2009. година за Светската изложба во Шангај, мостот е реновиран за да се овозможи, покрај за пешаци и пристап за велосипеди и скутери, подобрувајќи ја поврзаноста меѓу населбите.

8_resize

Мостот се протега во должина повеќе од километар, како издигната платформа од која се пружаат единствени урбани погледи од една од најрепрезентативните области на Шангај. Меѓутоа тоа во моментов е потценето во споредба со другите мостови кои преминуваат преку Suzhou Creek, сокривајќи ја неговата единственост и потенцијалот да стане урбана знаменитост на Шангај.

7_resize

Предлогот на 100architects има за цел да го претвори мостот во возбудлив подигнат парк кој преминува преку градот, нудејќи уникатно урбано патување низ една од најгустите области на Шангај.

Сивиот асфалт отстапува место на смели и светли бои, претворајќи го мостот во привлечна издигната градска орјентација.  Дизајнерската стратегија на  High Loop ги организира различните циркулации по бои, создавајќи хиерархија на различни ритмови и чекори во кои мостот може да се преминува. Додека права патека во интензивна, лимон зелена боја ја дефинира брзата стаза за велосипеди и моторцикли, намерно е воведена кривулеста патека во боја магента, за да се забави циркулацијата на пешаци.  Контрастната клучка ги поттикнува пешаците полека да се движат, уживаат во патувањето и привилегираните погледи на Шангај и Suzhou Creek.

6_resize 5_resize

Како боја за позаднината, цијан сината ги дефинира просторите за сопирање и боравок, просторите за дружење, средби и собирање. Од прошетка по платформата до просторите за дневен боравок или мини амфитеатри, сместени во џебови сина боја каде се наоѓа сиот контрасен жолт градски мебел и општествени функции, потикнувајќи го изгледот на тие џебови.

Воедно се воведуваат нови садници или како украсни елементи или како функционални раздвојувачи на моторциклистичка и пешачката патека.

4_resize 1_resize

Дизајнот не ја менува моменталната структура, туку ја преобликува со додавање на шарени, обоени слики и функционални урбани објекти, подобривајќи го системот на циркулација и додавајќи урбани џебови.

2_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top