Насловна / Архитектура / Предавање во Загреб на Мартино Стиерли за поширокиот контекст на архитектонската изложба во МоМА

Предавање во Загреб на Мартино Стиерли за поширокиот контекст на архитектонската изложба во МоМА

На 15 мај во 19 часот во Големата сала на Архитектонскиот факултет во Загреб ќе одржи предавање Мартино Стиерли, главниот кустос на оделот за архитектура и дизајн во Музејот на модерна уметност (MoMA) во Њујорк под наслов „Toward a Concrete Utopia, Архитектурата на Југославија во периодот од 1948. до 1980. изложена во Музејот на модерна уметност: Постскриптум“. Воведот во предавањето и дискусијата ќе ги модерира архитект Мароје Мрдуљаш.

martino

Мартино Стиерли

Изложбата „Toward a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia, 1948–1980” се одржа во МоМА во Њујорк од јули 2018. до јануари 2019. година. Во предавањето кустосот Мартино Стиерли ќе ја смести во поширок контекст архитектонската изложба во МоМА и ќе се осврне на улогата на изложбата како алатка за критичка ревизија на каноните на модерната архитектура. Регионот на јужниот дел на Средна Европа и Балканот, долго се сметал од западна перспектива, дека е само на работ поврзан со модернистички проекти. Историчарката Мариа Тодорова покажала како државите на поранешна Јигославија во западната уметност, книжевност и култура се сметани и прикажани како нешто што е европско, но „второстепено“. Меѓутоа, со систематски преглед на продукцијата и мрежата на размена на архитектите кои делувале во Југославија во периодот од 1948. до 1980. година се создава сосема поинаква слика.

јанко

Јанко Константинов, Телекомуникациски центар, 1972-81, Скопје

Исто така, предавањето ќе се осврне на праксата на курирањето како истражување. Изложба како „Toward a Concrete Utopia“ не се потпира само на темелно истражување на архивите, туку и на критички придонеси на голем број експерти од специфични области, кои заеднички комуницираат за архитектонско творештво кое не е доволно признатото од широката меѓународна публика (Мартино Стиерли)
Предавањето го организира Архитектонскиот факултет при Универзитеот во Загреб во соработка со консултантскиот тим Филиповиќ.

Испрати коментар

Scroll To Top