Насловна / Арт и дизајн / Правосмускалка која станува совршено парче мебел

Правосмускалка која станува совршено парче мебел

Правосмукалки со кабли, безжични правосмукалки, правосмукалки со ќеса или со филтер за вода… пазарот денес е преплавен со правосмукалки кои станаа помодерни за да ги задоволат барањата на сè помодерните ентериери. Прашањето е дали овие мали куќни помошнички некогаш би можеле да се претворат во парче мебел.

pravosmukalka

Постои правосмукалка со интригантен концепт, кој не само што е повеќенаменски само во поглед на дизајнот, туку и апсолутно одржлив бидејќи е направен од плута – биоразградлив материјал.

pravosmukalka1

Поточно, преградата за складирање на правосмукалката е направена од плута со намера да создаде топол и пријатен амбиент, додека цевките за правосмукалка и другите придружни делови се дизајнирани да се чуваат во таа плутена обвивка која потоа е убаво покриена со капак и на овој начин станува идеална маса која може да се постави на било кое место.

pravosmukalka2

Токму можноста за сокривање на целиот уред е одговорна за заштеда на вреден простор дома, бидејќи е висок околу 45 сантиметри, што совршено одговара на димензиите на помошна маса, па дури и на стол. Сите други внатрешни делови (освен моторот) се изработени од биоразградлива пластика, а станува збор за цилиндричен модел без торба што може да се користи и за длабинско чистење и за уредување на домот.

pravosmukalka3

Испрати коментар

Scroll To Top