Насловна / Вести / Правосилност на пресудата на Управниот Суд во корист на Еуромакс Ресоурцес

Правосилност на пресудата на Управниот Суд во корист на Еуромакс Ресоурцес

Управниот суд на Република Северна Македонија донесе  одлука да го уважи тужбеното барање на „Еуромакс Ресоурцес“ и да го поништи Решението на Државната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

unnamed (1)

Од „Еуромакс Ресурсис“ велат дека со судската пресуда во врска со нивната тужба против оспореното решение на Државната комисија се утврдува повреда на правилата на постапката, погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право. Имајќи го предвид „начелото на сервисна ориентација кон странките“, првостепениот управен орган – Министерство за економија, требал да ја сочека одлуката на Владата по Барањето на „Еуромакс Ресоурцес“ за спојување на концесиите Иловица 6 и Иловица 11 поднесено уште на 29 Јануари 2016 година и дури потоа да одлучува за Барањето за издавање дозвола за експлоатација на минерална суровина.

Ilovica4

Тим Морган-Вајни, извршен претседавач на Бордот на Директори на „Еуромакс Ресоурцес“ вели дека одлуката на Вишиот Управен Суд и правосилноста на Пресудата на Управниот Суд на Република Северна Македонија создаваат нова правна извесност за иднината на Проектот „Иловица – Штука“. Сега очекуваме во конструктивна и ефикасна соработка со Владата и сите релевантни институции да го обновиме и забрзаме процесот за обезбедување на сите потребни одобренија и лиценци. Така, во најкраток можен рок, ќе може да почнеме со реализација на нашата капитална инвестиција“, вели Морган-Вајни.

Николас Треанд, претседател и извршен и директор додава дека во ек на негативните економски последици предизвикани од пролонгираната борба со пандемијата COVID 19, инвестицијата од над 400 милиони евра, креирањето потреба од околу 600 директни и околу 2.700 индиректни работни позиции кај локалните деловни партнери, несомнено ќе понудат и обезбедат огромни можности за брза ревитализација и прогрес на економијата на локално и на национално ниво. “Нашиот Проект значително ќе влијае за намалување на трендот на економска миграција. Со одговорно и професионално оперирање ќе успееме да привлечеме многу од веќе иселените да се вратат во својата земја, на своите имоти и кај своите фамилии. Економско-финансиските параметри сугерираат дека рударскиот комплекс „Иловица – Штука“ брзо ќе се квалификува во првите топ 3 извозни компании на Република Северна Македонија“, додава Треанд.

Layout-drawings

Компанија регистрирана во Македонија, Еуромакс Ресоурцес ДОО Скопје и Проектот „Иловица – Штука“ се во 100 отсто сопственост на Еуромакс Ресоурцес Лимитед, канадско друштво, регистрирано во Ванкувер, Канада, кое е јавно листирано на Берзата за Хартии од вредност во Торонто. Акционерите на Еуромакс Ресоурцес го искажале интересот да инвестираат во Компанијата со цел да се овозможи развој на проект од светска класа во Република Северна Македонија, кој што треба да работи согласно највисоките стандарди за безбедност и заштита на животната средина со користење на најдобрите расположливи технологии.

Со оваа одлука на Управниот суд останува и натаму дилемата која од двете вистини за рудникот Иловица-Штука е точна. Дали е тоа онаа на „Еуромакс Ресоурцес“ или пак на екологистите кои упорно се борат и не дозволуваат рудникот за злато и бакар да биде отворен.

Испрати коментар

Scroll To Top