Насловна / Вести / Повторно недозволени градежни активности на местото на поранешно „Беко“

Повторно недозволени градежни активности на местото на поранешно „Беко“

Хотелот ТЦЦ „Плаза“ на местото на поранешно „Беко“викендов продолжи да се гради и покрај тоа што нема одобрение за градба од Општина Центар бидејќи на сила е мораториумот.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ извести дека по пријава на граѓани, Секторот за инспекциски надзор на Општина Центар, веднаш испратил овластен градежен инспектор на терен, каде е констатирано  дека се прекршени законските одредби согласно Законот.

Општина Центар, незаконското делување од страна на сторителите, ќе го надополни во претходната кривична пријава и ќе ги преземе сите мерки до надлежните институции, поради недозволени градежни активности кои се одвиваат на територијата на Центар, на поранешниот објект на Хотел Плаза.

с1_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top