Насловна / Архитектура / Поттик на социјално урбано здружување – скејт парк на Па-де-Кале, Франција

Поттик на социјално урбано здружување – скејт парк на Па-де-Кале, Франција

Студиото Espace Libre (Слободен простор) беше вклучено во изградбата на новиот скејт парк на плажата Стела помеѓу плоштадот Етоал и брегот Па-де-Кале, во Франција.

1

4

3 2

Интервенцијата се протега на површина од 3.000 квадратни метри и придонесува за развојот на плажата со тоа што се наоѓа на вкрстувањето помеѓу плоштадот Етоал, формирајќи зелени урбани коридори на елисејските полиња, каде програмата за домување помеѓу плоштадот Етоал и шеталиштето и улиците се поврзуваат со пејзажот на песочните дини.

9 8 10 12 11 14

Новиот скејт-парк е замислен како своевидно континуирано надоврзување на околните наменски зони, поради што е достапен за алтернативните средства на сообраќај: велосипеди, скутери, скејтборди и љубителите на ролери непречено да циркулираат низ објектите, па дури вклучува и интегрира ѕидна површина за качување и кошаркарски терен. Интервенциите се од отворен тип па и покрај работното време, на корисниците им е дозволено истите да ги посетуваат непречено.

16

Референцата за местото и интеграцијата со околината се материјализираат преку генерирање на кривини кои се спојуваат со морскиот пејсаж и дините, притоа решавајќи ја двонасочната циркулација на пешаци и скејтбордисти.

Во проектот е опфатен и крајбрежниот појас, станбена населба јужно од скејт паркот, соседните улици кои се поврзуваат со дините. Реализиран во април 2022 година, пејсажната интервенција во урбаното ткиво, скејт паркот на плажата Стела, блеснува во полн сјај дури една година подоцна. Новите зелени површини, станаа оази за одмор и рекреација на корисниците, како и останатите содржини инкорпорирани во проектот, кои значително допринесоа кон поттикнување на социјалната активност на заедницата воопшто.

19 18 17

Испрати коментар

Scroll To Top