Насловна / Вести / После 33 години накитена елка во Припјат

После 33 години накитена елка во Припјат

Украинскиот град Припјат е украсен со новогодишна елка прв пат од нуклеарната несреќа во нуклеарната електрана во Чернобил.

Новогодишната елка е поставена во центарот на градот, пред Палатата на култура„Енергетик“.

pr1

„Некогашните жители на градот стигнале на церемонијата на откривање и украсување на елката со украси, но и со семејни фотографии“, пренесува украинскиот ТВ канал ЗИК.

Инаку, ова лето украинскиот претседател, Володимир Зеленски, потпиша наредба за укинување на бројните забрани врзани за движење во исклучената зона, создавајќи „зелен коридор“ за туристите. Исто така и наложи на владата да превземе мерки за јакнење на туристичките потенцијали за таа област. Повеќе од 90.000 туристи го посетиле Чернобил во 2019. година.

Катастрофата во четвртиот реактор на нуклеарната електрана во Чернобил се случила на 26. април 1986. година.

pr2

Повеќе од 200.000 квадратни километри територија, пред се во Украина, Белорусија и Русија, станала контаминирана.

Околу 115.000 луѓе се евакуирани, а во операцијата на спасување учествувале повеќе од 600.000 луѓе, од кои околу десет отсто починале.

Градот Припјат нсе наоѓа на три километри од електраната. Пред несреќата неговото население броело 47.000 луѓе, а подоцна станал познат како „град на духови“.

Испрати коментар

Scroll To Top