Насловна / Арт и дизајн / Френк Гери дизајнираше шише за 150-годишнината на Hennessy X.O

Френк Гери дизајнираше шише за 150-годишнината на Hennessy X.O

Познатиот архитект Френк Гери, добитник на наградата Прицкер, го дизајнираше шишето за ограничено издание коњак Hennessy X.O по повод 150-годишнината од почетокот на производството на овој светски познат алкохолен пијалок од Франција.

sise
Рачно изработената обвивка, која ја истакнува карактеристичната форма на шишето Hennessy X.O, е изработена од бронза со 24-каратна позлата за да „предизвика чувство на пиење коњак и процесот на неговото правење“.

sise1
“Сакав да го прикажам квалитетот на Hennessy X.O, рачно изработен пијалок, со рачно изработено шише – она што добро се држи, она што убаво ја зафаќа светлината и она што им оддава почит на рацете на занаетчиите што го прават коњакот“, изјави Гери за „Dezeen“.
Шишињата ќе бидат доставени во заштитен картонски пакет, што е еден вид почит кон картонскиот мебел што овој познат архитект го дизајнирал во седумдесеттите години од минатиот век.
Дестилеријата Hennessy е основана во 1765 година, додека Hennessy X.O – ХО е кратенка за екстра стар – првпат произведен во 1870 година. Hennessy сега е дел од луксузната марка Louis Vuitton Moët-Hennessy, која исто така е сопственик на брендот шампањ Moët, како и модната марка Louis Vuitton.

sise2
Гери веќе работел за овој клиент дизајнирајќи ја за нив зградата на Фондацијата Louis Vuitton во Париз, која наликува на едриличар во шумата Булоњ.
Верзијата со ограничено издание на шишето со коњак Hennessy X.O, потпишана од Френк Гери, ќе чини 14.400 €.

Испрати коментар

Scroll To Top