Насловна / Вести / Поради коронавирусот недвижностите во светот поевтини за 30 отсто

Поради коронавирусот недвижностите во светот поевтини за 30 отсто

Поради коронавирусот, недвижностите во светот се поевтини за 30 отсто, наведува агенцијата за консалтинг „Најт Франк”, а во некои средини, според проценките цените дури се враќаат на нивото од 2010 година.

До пред само еден месец, пазарот на недвижности во светот бил во „балон пред пукање“, бидејќи последните неколку години цените доживеале силен раст. Цената на квадратот последните три години одела многу високо, па така многу држави морале да ги „замрзнат цените“. Меѓутоа со прогласување на пандемијата, луѓето почнале масовно да ги напуштаат градовите и да бараат „спас“ во помалку урбаните средини. Тоа довело до паѓање на цените и застој на пазарот на недвижности. На пазарот на недвижности во западните земји паѓаат цените и поради претпоставката дека нема да може да се сервисираат кредитите.

Аналитичарите на Standard&Purs оцениле дека пандемијата на вирусот корона би можела да ги намали цените на недвижности и на заливските земји на Блискиот Исток, градови како Дубаи, на ниво од 2010 година.

Cityscape 2019 Abu Dhabi exhibition

Од почетокот на месец март забележан е раст на понуда на вили и апартмани со попусти од 30 отсто, воглавном во Франција и Италија.

Расте побарувачката за вили вон град, особено во Лондон и Њујорк, додека на Кипар се популарни вили и апартмани за изнајмување, поради затворање на хотелите.

Медиумите пишуваат дека богаташите во Русија преминале да живеат во летниковци, бегајќи од вирусот. Во март бројот на купопродажни договори на московската елита за куќи надвор од градот пораснал за 12 отсто во однос на истиот период минатата година.

Испрати коментар

Scroll To Top