Насловна / Архитектура / Половина куќа, половина градина – „Villa Fifty-Fifty“

Половина куќа, половина градина – „Villa Fifty-Fifty“

Бирото Studioninedots е проектант на „Villa Fifty-Fifty“, семејна куќа во Ајндховен, Холандија, која е единствена по својата форма, функција и концепт. Куќа слична на павилјон, сместена околу градината, каде што функциите на живеење и надворешните простории се флуидно испреплетени и каде секоја функција има своја целина организирана на парцелата. Половина куќа, половина градина во една целина – „Villa Fifty-Fifty“, пишува ArchDaily.

1_resize

2_resize

Објектот е сместен во зелениот дел на „Strijp-R“ (дел од поранешната локација на компанијата „Филипс“) во Ајндховен. Studioninedots ја проектирале оваа куќа според барањето на семејството, кое сакало да живее повеќе со природата и изразило желба за минималистички животен стил. Дневните функции и надворешните простори се подеднакво важни, додека секој дел од куќата е проектиран како целина – отворена или затворена, покриена или не, со своја атмосфера и материјали.

4_resize

3_resize

Посебноста на овој проект ја прават засебни тремови лоцирани помеѓу две хоризонтални рамнини. Во дворот е зачувано дрво, чии гранки излегуваат низ бетонскиот под и челичниот кров. Заедничките семејни простори и просториите на родителите се наоѓаат во приземјето, додека децата имаат свои соби во кулата, која е проектирана да биде независна.

6_resize

8_resize

Палетата на материјалите на куќата вклучува стакло, кое природно доминира со објектот со цел да ги замагли границите помеѓу надвор и внатре. Бањата е обложена со мермерни плочи, како и sидовите во спалната соба и канцеларијата.

11_resize

12_resize

Помошната просторија со кружен пресек е завиткана во полупроѕирен брановиден поликарбонат, додека од надворешната страна на кулата има полиран алуминиум, кој суптилно го рефлектира пејзажот, создавајќи речиси закамуфлирана површина која ја отсликува промената на времето и годишните времиња.

5_resize

7_resize

9_resize

10_resize

13_resize

14_resize kavel 29 VO presentatietekeningen jvdh kavel 29 VO presentatietekeningen jvdh

Испрати коментар

Scroll To Top