Насловна / Архитектура / Погледнете водич низ изложбата за југословенската архитектура во музејот МоМА во Њујорк (видео)

Погледнете водич низ изложбата за југословенската архитектура во музејот МоМА во Њујорк (видео)

Музејот на модерна уметност (MoMA) во Њујорк ја претстави репрезентативната изложба на југословенската архитекутура за периодотт од 1948. до 1980. година, која опфаќа повеќе од 400 цртежи, модели, фотографии и филмски снимки од градските архиви, приватни и музејски колекции од целиот регион.
Изложбата ги истражува делата на југословенските архитекти кои предизвикале меѓународен интерес во тек на 45 годишното постоење на СФРЈ, а меѓу кои се Богдан Богдановиќ (1922-2010), Јурај Неидхард (1901-1979), Светлана Кана Радевиќ (1937–2000), Едвард Равникар (1907-1993), Вјенцеслав Рихтер (1917-2002) и Милчица Штериќ (1914-1998).
Од скулптуралниот ентериер на Белата џамија во рурална Босна, преку реконструкцијата на Скопје по земјотресот (1963), која ја осмислил јапонскиот архитект Кензо Танге, до Нов Белград со големи експресивни станбени блокови и јавни згради, изложбата го истражува единствениот распон на форми и облици на продукцијата на југословенската архитектура и нејзиниот карактер.
Погледнете го краткиот видео водич низ изложбата кој го спремиле кустосите Владимир Кулиќ и Мартино Стиерли, а кој почнува од прочуениот киоск K67.

Испрати коментар

Scroll To Top