Насловна / Архитектура / Под контрола пожарот во Нотр Дам во Париз

Под контрола пожарот во Нотр Дам во Париз

По девет часови борба, утрово околу три часот француските пожарникари успееа да го стават под контрола пожарот во прочуената катедрала Нотр Дам во Париз.
„Пожарот е под контрола, но не е во потполност изгаснат“, рече Лорен Нуњес од Министерството за внатрешни работи на конференцијата за новинарите.
Нуњес изјави дека причината за пожарот сеуште не е позната и дека властите ја продолжуваат истаргата, пренесе Ројтерс.

3
Би-Би-Си пренесува дека еден пожарникар се здобил со потешки повреди.
„Нотр Дам е наша историја, наша книжевност, дел на нашата психа, место на сите наши големи случувања, на нашите епидемии, војни, ослободувања, епицентар на нашите животи”, изјави претседателот Макрон пред катедралата.

2
„Конструкцијата е спасена”, рече ноќеска шефот на пожарната служба Жан-Клод Гале.
Тој рече дека 400 пожарникари го сопреле ширењето на пожарот на северната камбанарија, додавајќи дека две третини на кровот е изгорен.
Пожарот изби вчера околу 18:50 часот. Светот во шок гледаше како пламените јазици ја голтаат „Нашата Дама“, додека пожарникарите се бореа со пламената стихија, а парижаните плачеа и се молеа за спас на црквата.

6
Изградбата на Нотр Дам започнала уште далечната 1160. за време на бискупот Мурициј, меѓутоа завршена е 100 години подоцна од кога оваа катедрала станува светски симбол на готската архитектура.
Од својата изградба па се до денес катедралата имала бурна историја. За време на Француската буржоаска револуција дел од сликите и скулптурите внатре биле оштетени. Ѕидовите на Богородичната црква го осетиле и пвлекувањто на нацистите од Париз, голем број куршуми завршиле во ѕидовите.

5
Во средината на 19. век спроведена е првата реставрација, која траела полни 25 години, а во 20 век следеле уште две обновувања.

Домот на Квазимодо
Се смета дека прочуениот француски писател Виктор Иго е заслужен за обновата на Нотр Дам. Имено, во 19 век француските власти имале намера да ја срушат катедралата бидејќи била прилично руинирана, но Иго со својот роман „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ успеал да ја разбуди свеста на луѓето и со тоа влијае на подцнежното реновирање на катедралата.

4
Францускиот милијардер Франсоа-Анри Пино соопшти дека неговата фамилија ќе даде 100 милиона евра помош за поравка на Нотр Дам.

1

Испрати коментар

Scroll To Top