Насловна / Вести / Почна уривањето на дивоградбите во Охрид

Почна уривањето на дивоградбите во Охрид

Општина Охрид  почна акцијата за уривање на  бесправно изградени објекти.

Oвластениот градежен општински инспекторат ја почна акцијата врз дивоизграден објект во напредна фаза на градба, на улицата Марко Несторовски во Охрид.

Станува збор за објект на кој уште пред десетина дена му беше издадена забрана за градење. Иако беше поставена жолта лента и забрана за градба, градењето за кратко продолжи.

Според предвиденото, во акцијата за уривање, паралелно ќе бидат отстранувани дивоизградени објекти кои што се во тек на израдба и оние дивоградби кои се опфатени со регистарот на дивоизгредени објекти, кои се изградени во периодот од 2006-та до 2019-та година.

Ohrid

На почетокот, ќе се отстрануваат објекти кај кои не постојат правни пречки и акцијата за уривање ќе ги опфати сите физички или правни лица кои имаат добиено Решение за отстранување на бесправно изграден објект/градба и истите не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при Инспекторатот на општина Охрид.

Претходно градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски, рече дека јавноста не може да очекува дека отстранувањето ќе биде за еден или два месеца туку дека тоа е процес што ќе трае во наредниве година до две. Според регистарот од општината, изготвен пред два месеца, повеќе од 1.000 дивоградби се регистрирани на територијата на цела општина, од кои 409 во заштитениот појас.

Се очекува следниве денови да почне уривање и на платформите на угостителските објекти покрај самото езеро, ако претходно тоа не го направат самите угостители.

Со почетокот на акцијата Општина Охрид го реализира Акцискиот план за постапување по препораките од последниот состанок на Комитетот за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top