Насловна / Арт и дизајн / Почина великанот на фотографијата Роберт Франк, кој ја откри темната страна на „американскиот сон“

Почина великанот на фотографијата Роберт Франк, кој ја откри темната страна на „американскиот сон“

Легендарниот американски фотограф со швајцарско потекло Роберт Франк, почина минатата недела во Kанада на возраст од 94 години. Франк се прославил со својот албум  „Американци“ објавен во Франција во 1958 година, односно следната година во САД, а се работи за збирка од црно-бели фотографии кои ги снимил низ сите делови на САД. Особено е интересен податокот дека познатиот писател Џек Керуак го има напишано предговорот за „Американци“. Пртоа, тој нашишал: „Со својот мал фотоапарат, со кој ракува само со една рака, извлече од Америка една тажна поема и го зазеде своето место меѓу трагичните поети на светот“, а потоа додал„ ова му го пишувам на Франк, а Вие имате очи“. Албумот „Американци“ се вбројува во уметничкото движење на beat генерацијата, во кој инстинктот преовладува над базичните техники на новинарската фотографија.

Неговиот албум бил сметан за субверзивен и депримирачки, бидејќи ја открил темната страна на  „американскиот сон“ – сиромаштијата, сегрегацијата, нееднаквоста и осаменоста.

frank1

Rare Robert Frank Prints From "The Americans" Auctioned At Sotheby's In New York

frank3

frank4

 

Испрати коментар

Scroll To Top