Насловна / Архитектура / Почина Еузебио Леал Спенглер, Кубанецот кој ја обнови Хавана

Почина Еузебио Леал Спенглер, Кубанецот кој ја обнови Хавана

Еузебио Леал Спенглер, кој се борел за зачувување на старата Хавана, претворајќи ја во историска област, во архитектонски скапоцен камен и туристичка дестинација од прва класа, почина на 31. јули во Хавана. Имал 77 години, јавува Гранма, официјалниот весник на кубанската комунистичка партија. Во последниве години, тој се лечел од рак на панкреасот.

0_resize

Мигел Дијас-Канел, претседателот на Куба во својата изјава по повод смртта на Леал го нарече „Кубанецот кој ја спаси Хавана“

Леал, кубански историчар, ги започнал напорите за зачувување на кубанската престолнина во осумдесеттите години на минатиот век, кога стариот центар на главниот град бил во руинирана состојба. Жителите живееле без вода и честопати без електрична енергија, а ѓубрето се трупало на улиците, додека 250-годишните згради понекогаш се рушеле пред нивните очи.

6_resize

Како историчар и директор на Музејот на град Хавана, Леал бил страствен во однос на прашањето за зачувување на архитектонската историја на Куба. Тој еднаш легнал пред валјак за да спаси колонијална улица од асфалтирање. Благодарение на неговите упорни и несебични напори, Старата Хавана во 1982. година е прогласена за светско наследство на УНЕСКО.

Old Havana and its Fortification System (Cuba)

Но, недостатокот на финансиски средства ги кочел амбициозните планови на Леал за обнова,  сè до раните 90-ти, кога се распадна Советскиот Сојуз, а Куба изгуби милиони субвенции. Во економската криза, кубанскиот лидер Фидел Кастро, со кого Леал се спријателил, му дал огромна моќ да собира даноци и профит од туризмот во стариот центар.

2_resize

Преку државната компанија Habaguanex, Леал вложувал пари во градежни проекти. Тој ги обновил елегантните плоштади од 18. век, барокните катедрали, рестораните и хотелите, вклучувајќи го и познатиот розов хотел Ambos Mundos, каде Ернест Хемингвеј ја напиша „За кого бијат камбаните“. Парадоксално, Старата Хавана стана капиталистичка приказна за успех: реновираните згради привлекле странски туристи, чии пари потоа се користени за финансирање на реставрацијата.

7_resize

До средината на 2000-тите, околу 300 згради – околу една третина од зградите во Старата Хавана – беа реновирани. А Леал, кој вработувал 3.000 работници како шеф на Канцеларијата за историја, бил познат како херој и узор на конзервативците ширум светот.

The Capitol building Havana Cuba

„Беше единствена фигура за своето време“, изјавил во едно интервју Jeffrey DeLaurentis, американски дипломат, кој служел на Куба за време на администрацијата на Обама. „Исто така му беше дадена неверојатна автономија. Тоа беше мошне ново за Куба“.

3_resize

Како што Старата Хавана станала економски мотор на Куба, Леал бил познат како неофицијален градоначалник на престолнината. Тој ги поздравувал добронамерните луѓе на улиците (обично во неговата препознатливаа сива кошула). Тој глумел во ТВ серија за историјата на главниот град, „Andar La Habana“ („Прошетај ја Хавана“). Предавал на американските универзитети, а новинарите го барале за изјави како водечки интелектуалец.

5_resize

Реставрацијата на Стара Хавана, сепак, не била добра за сите; некои жители морало да бидат преселени заради модернизираните згради.

Како што самиот Леал изјавил за „Тајмс“, „ме боли што секој ден гледам граница која го дели тоа што е обновено и тоа што останува да се обнови “.

Испрати коментар

Scroll To Top