Насловна / Архитектура / Почина архитектот Роберт Вентури

Почина архитектот Роберт Вентури

Прочуениот американски архитект Роберт Вентури, кого го нарекуваат пионерот на постмодернизмот, почина во вторникот во 93. година од животот.

1
Вентури остави голем траг на светската архитектонска сцена. Во 1991 година ја совои престижната награда Прицкер. Бил член на Американскиот институт за архитектура, како и почесен член на Кралскиот институт за архитектура на Велика Британија. Заедно со сопругата Денис Скот Браун го основал студиото VSBA (Venturi Scott Brown Associates), кое продолжува со работа.

2

Прочуената Gild Haus (1964 г.) е една од првите згради на постмодерната во САД

Меѓу неговите најистакнати дела се Зградата на градската влада во Тулуз, Франција, прочуената Gild Haus и Куќата Vanna Venturi во Филаделфија, градот каде ја поминал скоро целата своја кариера и живот.

vana

Куќата Vanna Venturi во Филаделфија

Автор е на бројни стручни наслови за архитектура и коавторе е на книгите Learning From Las Vegas i Complexity and Contradiction in Architecture. Бил истакнат критичар на постмодерното движење во 20. век.

Испрати коментар

Scroll To Top