Насловна / Вести / По 80 години отворен ресторанот „Savoi“ – Аино и Алвар Алто

По 80 години отворен ресторанот „Savoi“ – Аино и Алвар Алто

Ресторанот „Savoi“ во Хелсинки, кој сопружниците Аино и Алвар Алто го завршија уште во далечната 1937 година, повторно е отворен. Меѓутоа, по повеќе од 80 години услуга и делумни работи на реновирање, ресторанот изгледаше „прилично пусто и повеќе од малку корпоративен“.

Savoy, Helsinki - Alvar Aalto

Повеќе од осумдесет години, ова место претрпувало измени и реновирања, а сега е вратено во својата порвобитна состојба. Дизајнерката на ентериери Ilse Cravford со своето студио Studioilse од Англија, направиле мали промени во вид на модернизација на ресторанот. Реновирањето подразбирало реставрација на сите оригинални конструкции и инсталации. Врз основа на стари фотографии, се вршело реновирањето за да се постигне некогашниот просторен распоред.

Savoy, Helsinki - Alvar Aalto

Компанијата „Artek“, која ја основал самиот Аалто, учествувала во проектот за обновување и тапацирање на оригиналните столици и додавање на некои класични парчиња, кои неодамна беа вратени во нивната колекција, како што се лустерот А201, златното ѕвоно и специјалната верзија на столицата 611.

Savoy, Helsinki - Alvar Aalto 4_resize 5_resize Savoy, Helsinki - Alvar Aalto Savoy, Helsinki - Alvar Aalto

Испрати коментар

Scroll To Top