Насловна / Арт и дизајн / Пловечко шеталиште долго три километри за одење по езеро

Пловечко шеталиште долго три километри за одење по езеро

Следните две недели, посетителите на италијанското езерото Iseo ќе можат за првпат да дојдат до пикторескниот остров Монте Isola – пешки!plovecko setaliste vo italija_9

Шеталиштето наречено The Floating Piers, е направено од модуларни платформи од етилен, кои потоа се покриени со 100.000 квадратни метри светкава жолта ткаенина. Креаторите на овие пловечки конструкции се Кристо и Жан-Клод, кои идејата за овој проект ја добиле уште во 1970 година. Сега идејата е конечно реализирана!plovecko setaliste vo italija_8

Оваа конструкција им овозможува на посетителите за првпат да одат од градот Сулзано до островот Сан Паоло. За да ги испровоцираат луѓето да одат по овој пат низ вода, со жолтата ткаенина се покриени и пешачките улици кои водат од градот кон пловечкото шеталиште.plovecko setaliste vo italija_6

Поради специфичниот сјаен материјал, шеталиштето е повеќе од добро обележано.

The Floating Piers може слободно да се користи 24 часа дневно, кога временските услови тоа го дозволуваат. Нема билети, нема капии и нема сопственик.plovecko setaliste vo italija_5

Шеталиштето долго три километри го чинат модули долги околу шеснаесет метри, а нивната дебелина изнесува околу 35 сантиметри, пишува ArchDaily.plovecko setaliste vo italija_4

Конструкцијата е поврзана за бетонски кубуси, кои како сидро на дното на езерото, го држат шеталиштето фиксирано.plovecko setaliste vo italija_7 plovecko setaliste vo italija_3 plovecko setaliste vo italija_2 plovecko setaliste vo italija_1

Изведувањето на ова шеталиште траело околу еден месец и ако планирате да одите по вода, ќе треба да побрзате, бидејќи тоа ќе биде отворено до 3 јули годинава.

Испрати коментар

Scroll To Top