Насловна / Арт и дизајн / Пловечка сауна е се што ни треба за совршен одмор!

Пловечка сауна е се што ни треба за совршен одмор!

пловечка сауна_5Ако спаѓате во оние кои сакаат да се релаксираат во сауна, и во исто време ја сакаат природата, постои проект кој може да ве развесели. Имено, миланското дизајнерско студио Small Architecture Workshop, според желбите на еден брачен пар, дизајнирала пловечка приватна сауна.  пловечка сауна_4   Направена е во период од само две недели, и е уредена како и секоја друга сауна, освен тоа што доаѓа со голем стаклен ѕид и има способност да плови. Зошто? Причината е прилично едноставна. пловечка сауна_3

Седењето во сауната може да биде монотоно, дури и кога сте во друштво, па како едно од иделните решенија се наметнува можноста за спектакуларен поглед на природата. пловечка сауна_2

Споменатиот пар за својот одмор избрало мало место покрај езеро во Шведска, а идејата за сауна до езеро се родила спонтано. При самата изработка најмногу се водела сметка со изгледот на сауната да не се наруши изгледот на природата, како и тоа да биде направен исклучиво од еколошки прифатливи материјали.пловечка сауна_1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top