Насловна / Архитектура / Пазар со зелен покрив на кој ќе се одгледуваат овошје и зеленчук

Пазар со зелен покрив на кој ќе се одгледуваат овошје и зеленчук

Компанијата  MVRDV има проектирано некои интересни решенија на пазари, од кои се издвојуваат Glass Farm и Markthal. Меѓутоа, новиот потфат е пазар кој досега не е виден. Ќе се карактеризира со зелен покрив на кој ќе се одгледуваат овошје и зеленчук, но по кој ќе може и да се прошета.  Се планира овој пазар да биде изграден во Таинан на Тајван, каде оваа компанија веќе има свој проект под името  T-Axis (реконструкција на напуштен трговски центар со вкопан парк во рамки на кој се наоѓаат шеталиште и плажа). Централниот дел на Tainan Xinhua Fruit and Vegetable Market ќе биде главниот хол каде ќе бидат сместени 180 штандови, но и други содржини. Високиот брановиден покрив ќе обезбедува природна вентилација. Над овој простор ќе се наоѓа покривот каде ќе можат да се одгледуваат производи типични за поднебјето. Проектот опфаќа и четириспратна зграда во која ќе се наоѓаат канцеларии, ресторан и изложбен центар за земјоделските производи од регионот. Проектот треба да биде завршен во 2020 година.

tainan2

tainan3

tainan4

tainan5

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top