Насловна / Архитектура / Павилјони во форма на птичји крилја во Виетнам

Павилјони во форма на птичји крилја во Виетнам

Архитектонското биро DE-SO со седиште во Париз, Авињон и Хо Ши Мин проектирало павилјони сокриени под големи кровови кои личат на пар птичји крилја, а кои се наоѓаат во Виетнам.

1

Наречени Can Gio, мини павилјони со површина од 350 квадратни метри се состојат од четири волумена, функционираат како повеќенаменски објекти со различни содржини, како што се простори за конференциски и семинарски состаноци, привремени ресторани опремени со професионални кујни, настани за големи групи и сезонски изложби.

2

Павилјоните Can Gio се наоѓаат на локација која е на 60 километри од градот Хо Ши Мин. Оваа област се смета за зелени бели дробови на градот со своите типични шуми кои поседуваат уникатни и ретки видови растенија. Шумата се протега на над 75.740 хектари земја и собира околу 150 различнирастителни видови.

3

Архитектите го опишуваат проектот како „зграда во форма на птичји крилја“. Ресторанот Can Gio е проектиран како крилја кои се шират низ шумата Can Gio Mangrove, лоцирана на југот на градот Хо Ши Мин (природниот простор 2000. година УНЕСКО го класифицирал како еден од меѓународните резервати на биосфера).

4

Крилјата кои обликуваат форма на буквата V, пружаат поглед кон далечниот хоризонт каде изгрева сонцето. Платформата од природен минерален камен израмнувајќи ја основата го потенцира овој јасен агол на гледање кон хоризонтот на Mangrove и погледот кон привлечното кружно зелено езеро во предниот дел. Павилјоните се наоѓаат во туристичко и населено место.

5

Проектот е замислен како отворен јавен простор, заштитен од сончевата светлина и обилните дождови во регионот со двата покрива во форма на V.

6 7

Овие големи покриви функционираат како рамки за слика, кои го опфаќаат целиот прекрасен околен пејзаж. Овој софистициран дизајн совршено се прилагодува на програмата зададена од инвеститорот.

9

Како што истакнуваат архитектите, целта на проектот е да создаде простор за добредојде на посетителите и мултифункционален простор за организирање на различни видови настани.

Главните содржини се две трпезарии опремени со клима уред, голема кујна со остава, разладена просторија и санитарни јазли.

10

Овој модел го надополнува туристичкото планирање, кое обично се состоело само од хотели, одморалишта опремени со базени, градски куќи и вили, за да понудат нова можност да се одмори од градот Хо Ши Мин за време на викендите.

13

„Проектот мора да биде во состојба да се справи со силното сонце кое избелува сè околу себе, обилните дождови и грмежи кои доаѓаат од Источното Море и сувиот ветер“, велат од DE-SO.

14

„Бојата на проектот е инспирирана од типичната локална боја на песокот и корените на дрвјата. Користена е и светло сива боја, слична на тињата што ја истакнува заситената зелена вегетација на шумата“.

„Основата. Користење на монолитни камења за да се изгради база со цел да се подигне нивото на приземјето и да се воспостави архитектонски поредок со цел куќата што подобро да се вгнезди во песочното и калливо место“, додаваат архитектите.

17

Рампите и скалите водат до терасата. Централно дрво со етерични лисја (Termilia Mantaly) и носи сенка и свежина на терасата. Четирите згради (пентагон) и основата направени се од бетон обложен со сив камен. Тие се единствени.

Каменот до дебелина 10 сантиметри, исто така се користи из изработка решеткаст ѕид за затворените и климатизирани трпезарии. Ноќе, решетката игра како кинески фенер кој шири дифузно светло, заситена боја на ѕидовите на внатрешните простори.

8 12

Изградбата на зграда во суровата тропска клима е технички и еколошки предизвик, павилјоните се изградени од локални виетнамски материјали и со минимум композитни материјали. Конструктивните елементи се составени од елементи со мали димензии.

15

Can Gio е полуостров достапен со траект, тешко е да се испорачуваат материјали со брод и испораките секогаш се ограничени на мали количини. Станува збор за тоа да се биде силен, издржлив, издржлив на јак дожд, јако вертикално сонце и вешто искористување на студениот ветер кој доаѓа од Јужното Кинеско Море.

16 11 18 19

Испрати коментар

Scroll To Top